Мали моменти, рачно изработени со љубов.
Мирисни Моменти се раѓа од љубовта кон убавите детали. Секој аранжман е рачно изработен од свеќи во форма на цвеќиња, рози, божури, нежни полски цветови, сместени во кутии, торбички и луксузни пакувања, збогатени со сушени цветови и нежни детали.
Зошто свеќи-цвеќиња?
За разлика од свежото цвеќе што венее за неколку дена, овие аранжмани остануваат прекрасни со години. Носат нежен мирис во домот и стануваат траен спомен на секој специјален момент, свадба, роденден, baby shower, годишнина или едноставно „те сакам“.
Направено по ваша желба
Најубавите подароци се оние што се замислени со срце. Кажете ни ја вашата идеја, боја, пригода, буџет, и ние ќе изработиме аранжман само за вас.
Контакт
Пишете ни за прашања, персонализирани нарачки и соработки. Со задоволство ќе ви помогнеме да го создадете вашиот совршен подарок. Instagram.